302
Ламин Јамал на само 18 години продолжува да го живее сонот на големите фудбалски ѕвезди и доби свои персонализирани копачки под името „F50 LAMINE YAMAL“.
Младиот ас на Барселона ќе биде првиот играч од неговата генерација со ваков привилегиран статус, а моделот е изработен во впечатливи бои со доминација на розевата.
Новите копачки првпат ќе ги носи во недела на 14 септември на дуелот со Валенсија, а тие веќе се пуштени и во продажба по цена од 50 евра за основниот модел и 270 евра за елитното издание.