231
Младиот бисер на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал, повторно го привлече вниманието со своите голови, но овојпат во фокусот се најде неговата прослава.
Јамал веќе извесен период го изведува гестот со ставање „круна“ на главата, потег инспириран од НБА легендата Леброн Џејмс. Сепак, ваквата прослава не им се допадна на дел од навивачите.
Критичарите сметаат дека тинејџерот прерано почнал да покажува ароганција и го предупредуваат дека наместо да „летa во облаци“, треба максимално да се посвети на напорна работа и развој за да изгради врвна кариера.
Lamine Yamal x LeBron James #Barcelona pic.twitter.com/HSSkeuVxwf
— H (@HQpcrt) July 31, 2025