1,1K
17-годишниот Ламин Јамал не крие дека има огромни амбиции со Барселона и Шпанија за наредните години, неговите цели се многу високи.
Јамал е европски шампион со Шпанија, но сака да го освои и наредното Светски првенство.
„Пред 21 година мојата цел е да освојам Светско првенство со Шпанија, Лига на шампиони и уште две титули во Ла Лига со Барса“, вели Јамал.
„Ако освојам Лига на шампиони, ќе имам повеќе шанси да освојам и Златна Топка“.