Тинејџерската ѕвезда Ламине Јамал бил забележан во ноќен клуб во Барселона во вечер кога неговиот тим наредниот ден немал ниту тренинг, ниту натпревар, сепак медиумите потсетуваат и дека оваа информација доаѓа во денови кога ја напушти шпанската репрезентација поради наводна повреда.
Според информациите, Јамал бил во друштво на пријатели и роднини, сместен во посебен ВИП-простор каде што важеле посебни правила. Исто така во текстот за Јамал се наведува дека и немало никакви посебн проблеми.
Младиот ас на Барселона не конзумирал алкохол, останал во ВИП-делот каде приватноста е стандард, а се однесувал мирно, коректно и без наметливост. Неговиот престој така не оставил простор за какви било спортски или дисциплински последици од страна на Барселона, меѓутоа повторно ќе предизвика и реакции поради односот кон Шпанија бидејќи и претходно се тврдеше дека фудбалеот ја лажирал повредата.
Фотографирањето и користењето мобилни телефони било забрането, а една од девојките присутни на забавата ја опишала атмосферата како „здрава и сосема нормална“, додавајќи дека Јамал бил исклучително пристоен. Таа си заминала околу 3:30 по полноќ, додека Ламин сè уште бил таму.
Вработен во клубот потврдил дека во приватниот простор навистина бил Јамал, придружуван од четворица или петмина блиски пријатели, меѓу кои и неговиот братучед Мохамед Абде. Според него, во ВИП-одделот бил дозволен влез само за девојки, кои имале целосна услуга и сè платено.