Адриен Рабио започна психолошка војна со Ламин Јамал пред почетокот на пресметката помеѓу Франција и Шпанија во полуфиналето, а фудбалерот на Барселона одговори со енигматичен пост на социјалните мрежи.
Ламин Јамал има само 16 години, но покажува голема зрелост на Европското првенство, и e еден од најдобрите играчи на Шпанија со три асистенции зад своето име.
Во пресрет на полуфиналето против Франција, Адриен Рабио започна психолошка војна и му порача на младото момче дека допрва ќе види што е притисок, и дека ќе мора да прикаже многу повеќе за пласман во финале.
„Видовме дека располага со голем квалитет и знае да се носи со притисокот. Подготвен е да игра на високо ниво. Но полуфинале на големо натпреварување е нешто сосема друго. Исто така и ние ќе го ставиме под дополнителен притисок, нема да му дозволиме да биде комфорен и ќе му покажеме дека треба да понуди многу повеќе ако сака да игра финале“ – рече Рабио.
По ваквите коментари, Ламин Јамал се огласи на социјалните мрежи и испрати енигматична порака.
„Молчи и работи, зборувај само кога ќе дојде време да кажеш „шах-мат““ – гласеше објавата.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.