Јамал како шестмесечно бебе во рацете на Лео Меси, фотографиите кои станаа хит на социјалните мрежи (ФОТО)

by bojan
2 минути читање
Јамал

Лео Меси и Ламин Јамал се хит на социјалните мрежи откако се појавија фотографии од пред 16 години, кога Аргентинецот беше млада ѕвезда во Барселона, а Шпанецот само шестмесечно бебе.

Лео Меси има настап на Копа Америка, а Ламин Јамал на Европско првенство, но двајцата станаа вирални на социјалните мрежи поради работи кои немаат врски со нивните игри.

Двајцата се хит поради фотографии од пред 16 години, кога весникот Спорт креирал солидарен проект и ѕвездите на Барселона позирале со новороденчиња.

Лео Меси во тоа време го држел шестмесечниот Ламин Јамал во своите раце и имал средба со неговите родители.

Дури и таткото на Ламин Јамал сподели фотографија од тој момент и напиша: „Почетокот на две легенди…“

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани