„Јамал има потенцијал да го надмине дури и Меси“

by 24 фудбал
1 минути читање

Ламин Јамал е „жешка“ тема во Европа, а за жал во последно време и поради нефудбалски приказни и причини.

Сепак, еден од оние кои зборуваа за младиот Шпанец со суперлативи и за неговиот талент беше Весли Снајдер. Холанѓанецот во својата земја го коментираше Јамал и откри дека смета дека тој може да го надмине Меси.

Снајдер е убеден дека Барселона нема да го пушти и дека Јамал ќе остане во клубот најмалку уште едно десетлетие. Според него, младиот напаѓач има потенцијал да го достигне, а можеби и да го надмине Меси.

Кога зборуваме дали Ламин Јамал може еден ден да биде како Меси, Ламин Јамал во Барселона е новиот Меси. Никогаш нема да го пуштат и мислам, верувам, дека момчето никогаш не би сакало да си замине. Таму е од мали нозе и веќе има постигнато многу како играч на првиот тим. Заработи многу пари. Тој е голема ѕвезда на екипата. Зошто би размислувал за преселба во Англија или Германија или било каде на друго место. Тоа нема никаква логика.

Можеби ќе замине подоцна како што Меси замина да испроба нови искуства, но сега е 2025 година. Ако повторно разговараме за десет години, Ламин Јамал ќе биде уште во Барселона. Дали може да го достигне нивото на Меси или дури да оди чекор подалеку и да стане подобар играч. Можно е. Фудбалерите напредуваат секоја година и тој веќе е на исклучително високо ниво“, изјави Снајдер:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×