Ламин Јамал поради повреда отпадна од комбинација за дуелот на Барселона против Валенсија, а под знак прашалник е и за средбата со Њуксал во Лигата на шампиони.
Ханси Флик изрази незадоволство од репрезентацијата на Шпанија откако младиот Ламин Јамал се врати повреден.
Напаѓачот ќе го пропушти утрешниот натпревар на Барселона против Валенсија, а е под голем знак прашалник и за пресметката со Њукасл во Лигата на шампиони.
„Јамал е надвор од стројот и тоа е жално. Стисна заби и со болки играше за националниот тим, добиваше аналгетици. И покрај тоа што имаше одредени проблеми, oдигра 79 минути на првиот натпревар и 73 минути на вториот. Плус не тренираше помеѓу двата натпревари бидејќи имаше проблеми“ – рече Ханси Флик на денешната прес конференција.
„Не можете вака да се однесувате со играчите, треба да се грижите за нивното здравје“.
Тој потоа додаде: „Не разговарав со Де ла Фуенте, мојот шпански не е толку добар, ниту пак неговиот англиски. Разменивме неколку пораки, но комуникацијата може да биде подобра. И јас бев селектор, знам дека работата е тешка, но комуникацијата мора да биде подобра“.