Ламин Јамал доби повеќе силни удари од данските фудбалери за време на мечот кој Шпанија го доби со 1-0, денеска ќе се знае точната состојба на фудбалерот на Барселона.
Данците одбраа тактика со груба игра да го сопрат Ламин Јамал. Врз него денеска ќе бидат направени медицински тестови по што ќе се знае дали има повреда поради која ќе треба да паузира.
Јамал чувствува болки и постојат шанси да го пропушти следниот меч на Шпанија, а тоа е дуелот со Србија.
Селекторот Луис де ла Фуенте не застана во одбрана на Јамал, напротив, рече дека тоа што се случуваше на теренот е нормално во фудбалот.
„Како што еден мој пријател знае да каже. „Што сакаш, да те бакнат?“. Ова е фудбал на највисоко ниво. Противникот може да ги користи сите средства кои се дозволени со правилата“, рече селекторот Де ла Фуенте за грубата игра врз Јамал.