396
Утрово излезе информацијата дека Ламин Јамал го загубил пасошот по мечот меѓу Турција и Шпанија, а сега е појасно и како се вратил дома.
Се појавија видеа како Јамал нервозно го бара пасошот додека соиграчите од репрезентацијата го чекаат.
Тој не успеал да го најде, а си заминал благодарение на интервенција на Фудбалската федерација на Шпанија.
Тие ги контактирале турските власти и замолиле да го пуштат Јамал да се врати во Шпанија без пасош. Барањето веднаш им било одобрено.