Минатата година, неколку
лица беа уапсени во Шпанија за местени натпревари. Најпрво во фокусот беше
пресметката помеѓу Уеска и Настик во втората лига а потоа истрагата се прошири
и на мечот помеѓу Ваљадолид и Валенсија во последното коло во сезоната 2018/19.
Шпанските медиуми
сега пишуваат дека под лупа е и мечот помеѓу Хетафе и Ваљадолид, полицијата го
бара телефонот на капитенот на Хетафе, Хавиер Молина. Неговото име е споменато во
разговори помеѓу поранешните фудбалери Карлос Аранда и Пако Естебан.
Аранда му се
јавил на Естебан, побарал да стапи во контакт со Хорхе Молина и од прва рака да
дознае дали е договорен исходот на дуелот, а за добра информација ветил по
10.000 евра на двајцата.
Естебан еден час
подоцна го бара Аранда за да му пренесе добра информација, натпреварот е
наместен, седум играчи на Виљареал добиле 2 милиони евра па „жолтата
подморница“ ќе загуби, наводно ова му го потврдил лично Хорхе Молина.
Интересно, натпреварот
помеѓу Хетафе и Виљареал заврши 2-2, домаќините водеа во два наврати, но
гостите се враќаа. Голот за 2-2 падна во самиот финиш, односно во 87. минута.
Во последното
коло од минатата сезона, Хетафе и Валенсија се бореа за место во Лигата на
шампионите. Хетафе мораше да победи против Виљареал за да се надева на елитен
фудбал, но исто така требаше да чека и услуга од Ваљадолид.
Тоа сепак не се
случи, Валенсија лесно со 0-2 победи на гостувањето на „Хозе Зориља“ во меч во
кој домаќините немаа за што да играат откако во претходното коло го обезбедија
опстанокот.
Noticia @partidazocope
Operación OIKOS
ón>
@GetafeCF – @VillarrealCF de la última jornada de la temporada 18/19 citando al actual capitán del Getafe, Jorge Molina pic.twitter.com/8gN5nFHkXQ— El Partidazo de COPE (@partidazocope) May 15, 2020