Јаја Туре поминал медицински тестови во Лондон, неговиот нов клуб е мистерија

by
0 минути читање

На почетокот од летото Јаја Туре ја заврши осумгодишната авантура со Манчестер Сити, па сега како слободен фудбалер може да потпише со англиски клуб и надвор од преодниот рок.

Доцна синоќа неговиот агент, Селук потврди дека Јаја Туре ќе остане во Премиерлигата и ќе игра за клуб од Лондон, но кажа само дека тоа нема да биде ниту Вест Хем, ниту Кристал Палас.

Лондонски клубови од Премиерлигата се уште Челси, Арсенал, Тотнем и Фулам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×