147
Адис Јаховиќ постигна два гола во победата на Гезтепе на
гостувањето кај Анталијаспор со 1-3, а со новиот учинок нашиот напаѓач заедно
со Гомис од Галатасарај се двајцата водечки на листата на стрелците по осум
кола во турската Суперлига, со по девет погодоци.
Нашиот фудбалер се најде во тимот на колото објавен од
страна на турското издание на фудбалскиот портал „Goal“, а ова
признание за него е вкупно четврто по осум настапи во Суперлигата.