317
Лошо започна натпреварот за Јаховиќ, во 16. минута си постигна ефектен автогол со глава.
Македонскиот фудбалер во 33. реализираше за изедначување на 1-1 со што успеа да се искупи за грешката.
Кон крајот на првото полувреме Јаховиќ од пенал прави комплетен пресврт, а по осум минути игра во вториот дел со уште еден гол од белата точка комплетира хет-трик за водство на Гецтепе од 3-1.
До крајот на мечот домаќините преку Коне успеаа само да го ублажат поразот.