Јаховиќ продолжува во Саудиска Арабија?

by
1 минути читање

Македонскиот
напаѓач од редовите на турскиот прволигаш Малатијаспор, Адис Јаховиќ би можел
да се пресели во Саудиска Арабија, откако турските медиуми пренесоа дека за
неговите услуги голем интерес има токму од таму.

Иако Турците
потврдуваат дека постои интерес од неколку клубови од Саудиска Арабија за
услугите на Јаховиќ, сепак од таму додаваат дека до овие моменти се уште нема
официјална понуда испратено до Малатијаспор.

Интерес од
Саудиска Арабија за Јаховиќ имаше и лани, меѓутоа на крајот тој остана во
редовите на Коњаспор, за веќе во летниот преоден рок годинава да следи
трансферот во Малатијаспор, клуб со кого има актуелен договор до 2021. година,
со опција за дополнителни 12 месеци.

Јаховиќ и
сезонава игра на своето стандардно ниво, во моментов по 16 одиграни кола во
турската „Суперлига“ е на делба на второто место на листата на стрелците со 10
погодоци, од кои четири ги постигна од белата точка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×