144
Иако имаше фантастична полусезона во Гецтепе и беше поврзуван со многу поголеми клубови, Адис Јаховиќ потпиша за Коњаспор кој се бори за опстанок оваа сезона. Трансферот е вреден 1,5 милиони евра.
„Многу сум среќен што доаѓам во Коњаспор. Ова е многу сериозен клуб, сериозна заедница со многу доби навивачи. Можеби во моментов ситуацијата изгледа лошо но можам да ветам дека јас и моите соиграчи ќе се бориме до крајот и ќе дадеме се од себе на теренот. Тука сум за да давам голови, за да бидам решение за тој проблем. Тоа е мојата работа, да постигнувам голови. Бев во добра форма во Гецтепе, ќе продолжам така и тука“, изјави Адис Јаховиќ.
Македонскиот напаѓач ќе го носи дресот со број 88.