110
Гезтепе
ремизираше на домашен терен против фаворитот Фенербахче уште во воведното коло
од турската Суперлига, а големото изненадување во Измир за момент стана вест
број 1 во спортска Турција.
Нашиот напаѓач
Адис Јаховиќ ги одигра сите 90 минути од средбата а тој и неговите соиграчи
добија големи пофалби за играта која ја прикажаа против гигантот кој му е
противник на нашиот првак Вардар во плејоф рундата од квалификациите за Лига
Европа.
Инаку Јаховиќ беше асистент во првиот гол на Гезтепе, оној израмнувачкиот за 1-1.