Ја заработи една од најтешките повреди па порача: Ова не е ништо, со мачета ме удрија во глава!

by bojan
1 минути читање

Фудбалерот на Рен, Алиду Сеиду ги скина вкрстените лигаментите на коленото, повреда која се смета за една од најтешките во спортот, но момчето од Гана откри дека има преживеано и многу полоша работа.

24 годишниот Алиду Сеиду го чека долга пауза откако ги скина вркстените лигаменти на коленото, вообичано за ваква повреда времето за опоравување е од 6 до 9 месеци, па и повеќе.

Но фудбалерот од Гана не гледа така црно на работите со оглед на тоа дека малку фалело да почине откако бил удрен со мачета во глава.

„Играв редовно и повредата ме погоди силно. Но на ова гледам како на предизвик. Имам искусено многу полоши работи од повреда на вкрстените лигаменти. Кога бев млад и во Гана, за малку ќе умрев, ме удрија во глава со мачета. На улица имам поминато низ сито и решето. Ова ви помага на поинаков начин да гледате на работите. Имав среќа да станам професионален фудбалер и да бидам тука“ – вели Алиду Сеиду.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани