Ја освои Лигата на шампионите со Барселона, а сега работи во продавница за спортска опрема! (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот француски дефанзивец кој настапуваше за Валенсија, Барселона, Спортинг… сега по крајот на кариерата работи во продавница за спортска опрема.

Двајца фанови се фотографираа со Матје во продавница на „Интерспорт“ во Шпанија, каде што тој остана да живее по фудбалската кариера. На фотографијата се гледа поранешниот фудбалер во униформата на оваа продавница, а извезено е и неговото име.

Тоа е интересен пат во животот, бидејќи станува збор за освојувач на Лигата на шампионите со Барселона, а крена и два трофеи во Ла Лига.

Освен за Барселона, Валенсија и Спортинг, Матје во кариерата играше уште за Сошо и Тулуз во родната земја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани