238
Речиси сите сонуваат да играат во Барселона и кога ќе добијат повик од неа прават се за да се реализира трансферот, но не и 19 годишниот Исмаила Сар.
Офанзивниот крилен фудбалер има одиграно само една професионална сезона во кариерата. Играше 33 натпревари за Мец на кои постигна и пет гола.
Со неговите одлични настапи го привлече вниманието на многу екипи, а во редот за него застанала и големата Барселона.
„Можев да заминам во големата Барселона, но тоа би било премногу рано, во Рен гледам место каде можам многу да напредувам и да направам големи работи“ – изјави сенегалскиот репрезентативец кој за својата селекција има шест настапи.