Ја добивме првата репрезентација која се квалификуваше на Светското првенство во 2026

by bojan
1 минути читање
Јапонија

Јапонија е првата репрезентација која се квалификуваше на мундијалот во САД, Канада и Мексико, популарните „самураи“ попладнево со 2-0 го победија Бахреин и го осигураа првото место во својата група.

Во Европа се уште не се почнати квалификациите за Светското првенство во 2026, но на другите континенти тие се во полна пареа, и веќе е позната првата репрезентација која чекираше билет за мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Честа и припадна на Јапонија, популарните „самурaи“ попладнево со 2-0 го победија Бахреин со головите на Камада и Кубо во второто полувреме.

На три кола до крајот на квалификацискиот циклус во Азија, Јапонија има 19 бода на чело во Група Ц, и е недостижна за другите ривали.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани