Трансфер сагата
на Нејмар би можела да заврши на почетокот од следната недела, извори блиски до
зделката за Радио Монте Карло велат дека потврда ќе пристигне во понеделник или
вторник.
Бразилецот и ПСЖ
си подале рака и веќе се испегнални сите детали за пет годишниот договор и
платата од 30 милиони евра по сезона.
„Се е договорено,
дури и дискусиите за ситните детали се финализирани” – вели извор близок до
зделката.
„Нејмар донесе
одлука”.
„Тепачката со
Семедо е најдобар пример, Нејмар не е доволно почитуван во Барселона, секогаш
ќе биде зад Меси, кој има статус на Папа во Барселона”.
„Се надеваме дека
договорот помеѓу двата клуба ќе биде финализиран во понеделник или вторник,
убедени сме дека неговата иднина е во Париз“.