Извинувањето не помогна, суспензија и парична казна за Рибери

by
1 минути читање

Фиорентина загуби
со 1-2 на домашен терен од Лацио изминатиов викенд во редовното коло од „Серија
А“, а Франк Рибери се најде во центарот на вниманието по една нервозна реакција
кон асистентот на главниот арбитар на мечот.

По мечот на
Рибери му беше доделен црвен картон, а Французинот јавно се извини поради тоа
што го сторил, меѓутоа извинувањето не помогна, а се остварија очекувањата дека
фудбалерот на Фиорентина ќе добие суспензија.

Поради физичкиот
контакт со асистентот Матео Пасери, Рибери доби три меча суспензија во „Серија
А“, па така ветеранот ќе отсуствува на дуелите против Сасуоло, Парма и Каљари.

Освен казната во
суспензија на претходно наведените натпревари, Рибери е казнет и парично, и тоа
со 20,000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×