Инцидент во Росарио, родниот град на Лео Меси. Како што пренесуваат медиумите, бил извршен напад врз продавница која е во сопственост на семејството на Антонела Рокузо, сопругата на фудбалерот.
Две лица пристигнале на мотор и отвориле оган, биле искупани 14 куршуми кон продавницата. Била оставена и закана, односно порака до Лео Меси.
„Меси те чекаме. Јавкин е дилер, нема да те спаси!“ – гласела пораката.
Пабло Јавкин е градоначланикот на Росарио. Постои сомнеж дека ова е обид да се изнудат пари од Лео Меси.
ATENCIÓN
Rosario Violenta: Atacaron un supermercado de la familia de Antonella Rocuzzo y dejaron un fuerte mensaje para Messi
“Messi te estamos esperando. Javkin es narco no te va a cuidar” en referencia al intendente de esa ciudad. pic.twitter.com/Th16KGtA9g
— Luciana Rubinska (@LRubinska) March 2, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.