Израел негира: Немаше никаков нож, Иско никогаш не бил пречекан подобро

by
1 минути читање

Шестмина фанови на Израел вчера влегоа на терен по последниот свиреж на судијата, а медиумите утворо пренесоа дека еден од нив имал нож во рака и трчал кон Иско.

Сепак, Фудбалската федерација на Израел ги негира ваквите стории и дадава дека Иско и неговите колеги од репрезентацијата никогаш не биле пречекани подобро надвор од Шпанија.

„Според сите информации кои ги имаме, нема доказни ниту пак индикации дека некои од лицата кои влегоа на терен држеле нож“ – вели портпаролот Шломи Барзел.

„Не знаеме од каде се појавија вакви стории, тие се лажни“.

„Мислам дека Шпанија никогаш не била подобар пречекана на стадион надвор од нивната земја. Особено Иско, за кого имаше многу позитивни скандирања и пароли“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани