Изов: Заслужена победа, направен е првиот чекор кон освојување на првото место

by 24 фудбал
1 минути читање

Женската фудбалска репрезентација до 19 години триумфално го отвори настапот во квалификациите за Европското првенство. На стартот на турнирот што се игра во Струмица, совладана е Грузија со 3-0.

Со оглед на фактот дека ова ни беше прв натпревар на турнирот, тешко влеговме во него, но како одминуваше времето успеавме да наметнеме своја игра и она што претходно беше договорено девојките го исполнија и на крајот заслужено стигнавме до победата. Наша цел на овој турнир е да се освои првото место што значи дека на секој натпревар одиме на победа. По дуелот со Грузија сега не очекува мечот против Азербејџан. Иако нашиот следен противник има статус на аутсајдер, мора да се потенцира дека во модерниот фудбал нема лесни натпревари. Секој противник си има своја тежина  и квалитет. Имаме доволно време да ја анализираме играта на Азербејџан и верувам дека в петок повторно ќе радуваме на победа”, изјави Изов.

За нашите надежи нема многу време за одмор. Веќе в петок избраничките на Изов ги очекува новиот предизвик и соочувањето со Азербејџан.

Натпреварот со Азербејџан в петок почнува во 12 часот и ќе се одигра на стадионот Младост во Струмица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×