Изненадување за капитенот (ФОТО)

by
0 минути читање

Денес најсилната
фудбалска репрезентација на Македонија почнува со циклусот квалификации за
Европското првенство во 2020. година, во Скопје гостува Летонија која е наш прв
противник во квалификациите, а голем јубилеј ќе има нашиот капитен Горан
Пандев.

35 годишниот
ветеран вечерва ќе го одигра својот јубилеен 100-ти настап во дресот на нашата
репрезентација, а по тој повод претседателот на Фудбалската федерација на
Македонија, Муамед Сејдини и соиграчите од националниот тим му подарија слика
како спомен за неговиот јубилеј.

 

Фото:
ffm.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

×