Изненадување на листата на желби кај Барселона за летниот преоден рок

by
1 минути читање

Барселона ја
разгледува опцијата за изненадувачки потег на трансфер пазарот на лето, а желба
на Каталонците е офанзивецот од редовите на Евертон, Ришарлисон, пренесе Марка.

Бразилецот
постигна 13 погодоци во неговите 35 досегашни настапи во дресот на тимот од
Гудисон Парк од неговиот трансфер минатото лето од Ватфорд, а притоа постигна
три погодоци на осум настапи во дресот на Кариоките.

Евертон го донесе
во тимот за трансфер вреден 40 милиони евра, претходно, Ватфорд го купи за 12
милиони евра од Флуминенсе, и веројатно не зажали за тој потег.

Марка пишува за
одличниот однос кој го имаат Барселона и Евертон, нотирајќи дека веќе тројца
фудбалери се преселија на Гудисон Парк од Камп Ноу минатото лето, како Јери
Мина, Андре Гомеш и Лукас Диње.

Марка пишува дека
Ерик Абидал, спортскиот директор на Каталонците го Ришарлисон гледа приоритет
во летниот преоден рок, кој би можел да биде дури и наследникот на Луис Суарез
во нападот на Каталонците.

Весникот додава
за тоа што Бразилецот нема европски пасош, а Барселона за фудбалери со таков
статус има место само за тројца во својот состав, нешто што веројатно прави
мали проблеми за Каталонците кои за офанзивецот би требало да издвојат околу 50
милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×