Управата на Овиедо направи неочекуван чекор, бидејќи клубот реши да му врачи отказ на Вељко Пауновиќ, само 110 дена откако српскиот тренер го врати тимот во Примера по цели 24 години.
Стартот на сезоната не беше според очекувањата. Овиедо има само две победи и дури шест порази во првите осум кола од Ла Лига, но треба да се напомене дека распоредот беше исклучително тежок, со домашни дуели против Реал Мадрид и Барселона.
Капката што ја прели чашата беше поразот од Леванте, уште еден нов прволигаш, по кој управата реши да ја прекине соработката со Пауновиќ и неговиот стручен штаб.
Како главен кандидат за нов тренер се споменува Луис Карион, 46-годишен стратег кој последно го предводеше Лас Палмас.