Изненадување: Де Брујне уште во јануари може да го напушти Наполи

by Стефан
1 минути читање

Белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне би можел да го напушти Наполи уште за време на актуелниот зимски преоден рок, пренесува италијанскиот весник „Ил Матино“.

Според истиот извор, раководството на Наполи е подготвено да ја разгледа секоја потенцијална понуда што би пристигнала од Саудиска Арабија за својот фудбалер, додека и самиот Де Брујне сериозно размислува за своите опции.

Белгиецот беше опериран во октомври и неговото враќање на терените не се очекува пред март оваа година. И покрај тоа, за неговите услуги постои интерес од неколку клубови од саудиската лига, а Наполи е подготвен да ги сослуша понудите уште во текот на овој месец.

„Ил Матино“ наведува дека Де Брујне би бил подготвен да го напушти Наполи, бидејќи преселбата во Саудиска Арабија би му овозможила целосно да се фокусира на опоравувањето и подготовките за Светското првенство, кое се игра оваа година.

Белгискиот репрезентативец следната недела треба да се врати во Неапол, каде што ќе го продолжи процесот на рехабилитација. Како што е познато, тој во Наполи пристигна минатото лето како слободен фудбалер, откако му истече договорот со Манчестер сити.

Во дресот на наполитанскиот клуб постигна четири гола и запиша две асистенции на 11 настапи во сите натпреварувања, пред во октомври да се здобие со сериозна повреда на задната ложа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×