Измир е причината зошто дуваат позитивни ветришта во преговорите помеѓу Гезтепе и Јаховиќ?

by
2 минути читање

30 годишниот македонски
бомбардер од редовите на турскиот Суперлигаш Гезтепе, Адис Јаховиќ е топ тема
низ тамошните медиуми, особено поради фактот што неговиот актуелен важечки
договор со клубот од Измир истекува идното лето.

Дали Јаховиќ јануарскиот
преоден рок ќе го искористи да преговара со други клубови, а ги има многу во
редот за потписот на Македонецот, или ќе потпише нов договор со Гезтепе,
останува да видиме.

Во Турција денес
пишуваат дека Јаховиќ наводно има голема желба да остане во Гезтепе, а една од
причините кои тамошните медиуми ја наведуваат е Измир, градот кој брзо влезе во
срцето на Македонецот.

Двегодишен договор, тоа
е опцијата која денес пишуваат турските медиуми, а со тоа и негативен одговор
за Бешикташ, Галатасарај, како и неколкуте екипи од Кина кои понудија богат
договор за Македонецот.

Адис и неговата сопруга
го засакаа Измир, тоа е една од причините зошто дуваат позитивни ветришта во
преговорите помеѓу Гезтепе и Јаховиќ
“ пишува „
Fudbol Arena.

Јаховиќ со 11 гола е втор стрелец во најсилниот турски шампионат, со два гола заостанување зад Бафетимби Гомис од Галатасарај по 13 одиграни кола.

Извор: futbolarena.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани