Излезе и официјално објаснување зошто раката на Ричи не било пенал за Интер

by bojan
1 минути читање

Поранешниот судија Мауро Тонолини објасни зошто раката на Самуеле Ричи на дербито помеѓу Милан и Интер не била пенал.

Победата на Милан од 1-0 над Интер во градското дерби беше одбележана од еден контроверзен момент во финишот од мечот, Самуеле Риџи играше со рака.

„Нероаѕурите“ сметаа дека се оштетени, но асоцијацијата на судии (АИА) застана зад Даниеле Довери, а денеска пристигна и официјалното објаснување.

Поранешниот судија Мауро Тонолини беше задолжен да ги анализира спорните ситуации од ова коло, а за случувањата на „Џузепе Меаца“ рече: „Довери правилно ја процени ситуацијата на теренот“.

„Бевме малку изненадени од тоа што беа изразени многу сомнежи… Раката беше во природна позиција, дури и имаше движење и обид на Ричи да ја тргне раката“.

„Доколку топката не удреше во неговата рака, ќе го погодеше во телото, па да повторам, станува збор за природна позиција“.

„Ваквите ситуации најдобро се проценуваат во динамика, кога се гледаат забавени снимки постои ризик да се забележи микро-движење кое може да креира одредени сомнежи“.

Тој исто така додава дека ВАР собата не се замешала бидејќи и тие сметале дека одлуката на Довери е исправна и немало потреба да се прегледа снимката покрај теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×