„Изгледа ми го има стариот број“ – Мората вели дека не добил повик од Конте

by
1 минути читање

Алваро Мората вчера постигна хет-трик во победата на Реал Мадрид од 4-2, но и покрај неговата ефикасност која ја има кога ќе влезе во игра, прва опција на Зидан е неговиот сонародник Бензема.

Поради таквата ситуација често се шпекулира со заминување на Мората од Мадрид, а како еден од заинтересираните се посочува и Челси.

„Доколку Конте ми вртел, тоа мора да било на стариот број, не сум добил повик. Го нема мојот нов број“ – вели на шала Мората за „АС“.

„Добро ми е во Реал Мадрид, постигнувам голови, се чувствувам важен дел од тимот, и тоа е важно“.

„Не размислувам за следната сезона бидејќи пред нас е важен и тежок дел од сезоната“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани