Асоцијацијата на професионални
фудбалери го соопшти тимот на годината во Премиерлигата.
Сосема очекувано, во него доминираат Челси и Тотенхем, кои оваа сезона прикажаа
најмногу.
Но во идеалниот
тим нема место за Златан Ибрахимовиќ и Алексис Санчез.
Швеѓанецот има
извонредна прва сезона во Премиерлигата и на 35 години е прв стрелц на
Манчестер јунајтед, но неговото отсуство донекаде е оправдано со оглед на тоа
дека во нападот има само две места, кои заслужено ги добија Ромелу Лукаку и Хари Кејн.
Многу поголемо
изненадување е тоа што Алексис Санчез не е во тимот на годината.
Ѕвездата на Арсенал е еден
од шестмината играчи кои ќе се борат за наградата Фудбалер на Годината, но
наместо него во идеалните 11 се најде Садио Мане од Ливерпул, кој не е во
комбинација за наградата Фудбалер на Годината.
Тимот на сезоната
во Премиерлигата:
Давид Де Геа,
Кајл Вокер, Давид Луис, Гери Кејхил, Дени Роуз, Садио Мане, Деле Али, Нголо
Канте, Еден Азар, Ромело Лукаку и Хари Кејн.