Изборите викендов ѝ направија проблем на Шкендија

by Стефан
1 минути читање

Во претстојниот викенд фудбалските терени низ Македонија ќе останат празни, бидејќи поради вториот круг од локалните избори натпреварите од Првата лига се поместени за почетокот на следната недела, понеделник, вторник и среда.

Оваа промена, сепак, не ѝ одговараше на Шкендија, која во четврток ќе го одигра својот меч од Конференциската лига против полската Јагелонија. Поради тоа, дуелот меѓу тетовци и Шкупи е одложен и ќе се игра во дополнителен термин.

Новото коло ќе стартува во понеделник со пресметката меѓу Арсими и Башкими (13:30). Во вторник на програмата се средбите Работнички – Тиквеш и Македонија Ѓорче Петров – Струга, двете со почеток во 13:30 часот, додека во среда ќе се одиграат натпреварите Брера – Силекс (13:30) и дербито Пелистер – Вардар (17:00).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×