Ивановски пред македонското „Ел Класико“: Мотивирани ќе се бориме против Вардар!

by 24 фудбал
1 минути читање

Пелистер вечерва го пречекува Вардар во рамки на 26. коло од Првата македонска фудбалска лига, во уште едно издание на македонското „Ел Класико“.

Капитенот Мирко Ивановски е свесен за тежината на дербито, но верува дека неговиот тим има што да понуди.

Реално, нашите дуели се најголемото македонско дерби. Пелистер е цврста екипа, покажавме заби на многу тимови, но од Вардар загубивме со примен гол во финишот на прво полувреме од одбиена топка, како и со еден гол од контранапад што тешко може да се реплицира. Очекувам подеднакво тврд меч, екипата има самодоверба по триумфот над Шкендија која во моментов игра најдобар фудбал во ПМФЛ. Како и секој друг дерби натпревар, може да биде решен од една грешка, од изненадување, па затоа наше е да го дадеме максимумот, па со поддршка на публиката да се обидеме ние да бидеме тие што ќе се радуваат по истекот на 90 минути”, изјави Ивановски.

Дербито се игра вечерва во терминот од 20:00 часот во Битола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×