Ивановиќ го докрајчи Вардар, а на голот му претходеше мајсторија на Нобоа со петица (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вардар губи и со 0-4 на мечот против Зенит на домашен терен во рамките на своето прво учество на едно големо натпреварување, како што е групната фаза од Лига Европа.

Иако избраниците на Јаневски ја консолидираа својата игра во второто полувреме, по она во првото кое сите треба да го заборават, сепак, Зенит немилосрден, преку Ивановиќ стигна и до водство од 0-4 во 67. минута.

Сепак, се чини клучниот момент во оваа ситуација беше мајсторијата на Нобоа, кој со петица го измами Николов, по што на крајот акцијата резултираше со нов гол за гостите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани