623
Ивана Пројковска добива нова европска задача од УЕФА.
Најдобрата македонска судијка беше делегирана за натпревар во Лигата на шампионите. Пројковска беше одбрана за средбата меѓу Леувен и Твенте во Белгија.
На Пројковска ќе ѝ помагаат Елена Солкевска Илиевски и Тамара Цветановиќ крај аут-линиите, додека Ангела Рајчевска ќе биде четврта судијка. Натпреварот меѓу Леувен и Твенте ќе се одигра вечерва во 21:00 часот.
На другите натпревари единствен македонски предизвик ќе биде Александра Пејковска, која ќе биде делегат на средбата меѓу Австрија Виена и Славија Прага во Лигата на Европа.