Иван Николов постигна хет-трик за Радник Бијелина! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Македонскиот интернационалец Иван Николов блесна на првиот старт во дресот на Радник Бијелина и одигра натпревар за паметење во Купот на Босна и Херцеговина.

По краткото деби како резервист против Сараево, овојпат доби доверба од првата минута на пресметката со Крушево и возврати на најдобар можен начин. Николов постигна три гола и беше апсолутен херој на својот тим.

Николов погодуваше во 35, 54 и 91 минута за својот тим, откако се најде трипати на вистинското место и реализира во високата победа од 5-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×