363
Струга Трим Лум се пофали со ново голманско име, бидејќи во клубот пристигна Иван Николоски.
Иако на почетокот на летото младиот голман се приклучи на Шкупи, поради бројните проблеми тој беше приморан да си побара нова средина, како и многумина други играчи. Поради тоа Николоски беше слободен и се приклучи на Струга со која потпиша договор за следната сезона.
Во својата кариера 22-годишниот чувар на мрежата беше дел од Победа, Саса, Беласица, Воска Спорт, Силекс, Брегалница, Работнички, Дрита и Поградец.