Италијанските новинари не го поштедија Донарума во Полска и покрај утрешниот голем меч

by
2 минути читање

Селекцијата на
Италија за фудбалери до 21 година утре се среќава против соодветната селекција
на Шпанија во рамките на полуфиналето од Европското првенство во Полска.

Запрашан околу
неговиот статус, воедно и идните чекори кои тој би ги презел во однос на
преговорите со Милан околу евентуалното продолжување на соработката со тимот од
Милано, Донарума рече дека единствено е фокусиран на утрешниот меч и одби да биде конкретен на таа тема.

Сакам да порачам дека сум среќен и целосно сум фокисуран на утрешниот натпревар. Навистина се
извинувам поради хаосот кој настана околу мене изминатиов период. Сега,
фокусиран сум единствено на мечот против Шпанија, околу мојата иднина ќе размислувам
по турнирот во Полска, не сакам да направам грешка во однос на оваа тема, тука
сум да размислувам само на мојата селекција
“ истакна Донарума.

Актуелниот
договор на Џанлуиџи Донарума со Милан истекува идното лето, преговорите околу
продолжување на соработката течат мошне тешко, во целата ситуација влијае и
неговиот агент, контроверзниот Мино Рајола кој се посочува како главен виновник
во негативниот одговор на 18 годишниот голман кон својот клуб.

Донарума имаше
мошне непријатни ситуации на турнирот во Полска,
најпрво неговиот гол беше полиен со пари, за потоа од страна на одредени навивачи да му биде упатена нова
порака, овој пат преку транспарент.

Негативниот одговор на Донарума кон клубот за кого вели дека му е омилен и му е во срцето, донесе низа исмејувања на сметка на голманот на социјалните мрежи.

Италијанските медиуми пред извесен период пренесоа и дека Милан има план „Б“ за да го убеди својот талентиран голман да потпише нов долгогодишен договор со клубот, решение
гледа во тоа да го доведе неговиот брат Антонио како втор голман на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани