Италијанските медиуми тврдат, Кулушевски се договорил со Јувентус!

by
1 минути читање

Кулушевски со одличните партии за Парма го привлече вниманието на најголемите клубови, се шпекулираше дека Интер води во трката, но се случи пресврт, „Скај Спорт Италија“ и „Газета дело Спорт“ тврдат дека тој се договорил со Јувентус.

Купушевски постигнал договор за личните услови, неговиот договор со Јувентус ќе биде до 2024 година со годишна плата од околу 2-3 милиони евра.

Според „Скај Спортс Италија“ Аталанта ќе добие 30 милиони евра плус 10 во бонуси, а според „Газета дело Спорт“ сумата е 35 милиони евра плус 15 милиони во бонуси.

Тој ќе остане во Парма до крајот на сезоната каде што игра како позајмен од Аталанта а од следната сезона ќе се пресели во Јувентус.

Кулушевски играше за младинските селекции на Македонија, но на крајот одбра да настапува за Шведска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×