Италијанските медиуми тврдат, Донарума ја донел одлуката за својата иднина

by
1 минути читање

Актуелниот договор на Донарума со Милан истекува во 2018 година, клубот сака да ја продолжи соработката со младиот и перспективен голман, но пречка е неговиот агент Мино Рајола кој бара вметнување на нереални клаузули во договорот.

Рајола се обидуваше да го продаде Донарума во Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, но се чини дека овие два клуба нема да имаат голмански промени летово, па опција за продажба речиси и да нема.

Милан му постави ултиматум на Донарума, да одбере помеѓу клубот и неговиот агент, информациите од Италија викаат дека тој конечно донел одлука, ќе потпише нов договор.

Донарума го сака Милан, а понудата која му ја дава раководството не е воопшто мала за толку млад фудбалер. Весникот тврди дека во наредните денови голманот ќе стави потпис на нов договор.

Со доаѓањето на новите сопственици, Милан полека се буди, клубот е активен во преодниот рок, веќе официјализираше три нови засилувања, а четвртото ќе биде Андре Силва од Порто за сума од 40 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани