240
Наполи е на чекор до ново засилување, Вања Милинковиќ Савиќ треба да пристигне од Торино за сума од 22,5 милиони евра, јавува „Скај Спорт“.
Договорот е речиси комплетиран, се очекува официјална потврда денеска или најдоцна утре. Репрезентативецот на Србија ќе добие нов предизвик во кариерата и ќе стане дел од тимот на Антонио Конте.
Во спротивна насока ќе се пресели Сирил Нгонге, кој ќе игра како позајмен фудбалер во Торино. Наполи така продолжува со летната реконструкција на составот, а Милинковиќ Савиќ се очекува да го преземе приматот и да стане нов прв голман на италијанскиот првак.