Со насловот „Евергрин
Пандев, Трајковски го реши натпреварот“, италијански Тутомеркато го оцени
настапот на нашите фудбалери, а истовремено и на гостинската селекција.
Во нашиот табор
најдобри оценки добија Ристовски, Ристевски и Пандев со по оценка 6.5 , по нив
следеа Велкоски, Несторовски и Спировски со по 6, односно Алиоски, Барди и Муслиу со по 5.5,
најслаби оценки добија голманот Димитриевски, како и Николов со по 5.
Горан Пандев:
Беше број еден опасност кон
одбраната на Албанија, тој прави одлична работа со завршницата, но често го
покажува својот карактер и постојано го пронаоѓаше Бериша подготвен, кој
постојано му велеше НЕ. Евергрин.
Стефан Ристовски:
Неколку добри натпревари, сите во
краток период. Неговите нафрлања секогаш се опасни.
Кире Ристевски:
И покрај неговата улога во
дефанзивната линија, секогаш е најголемиот проблем за спротивната дефанзивна
линија.
Истиот медиум ги
оцени и гостите, каде сосема очекувано најдобри оценки со по 6.5 добија
голманот Бериша и Роши, стрелецот на водечкиот гол за Албанија, но и фудбалерот
кој играше со рака во казнениот простор по што дојде пеналот за Македонија, во
кој сигурен реализатор беше Трајковски.
Извор: tuttomercatoweb.com
Фото-вест:
Кочо Сотировски (24фудбал,
Македонија – Албанија)