509
Каталонските медиуми пренесуваат дека Роберт Левандовски на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона како слободен агент.
Полјакот има договор до следното лето, но засега нема најави за продолжување. Според информациите, Левандовски веќе бил контактиран од Милан за да прејде во Серија А.
Искусниот напаѓач верува дека и следната сезона може да игра на највисоко ниво и би можел да ја дели соблекувалната со Лука Модриќ, со кого во минатото водеше жестоки дуели во Ла Лига.
Левандовски досега одигра 154 натпревари за Барселона и постигна 105 голови со 20 асистенции.