Италијанската спортска новинарка Марија Луиса Јакобели повторно го привлече вниманието на јавноста со своето појавување на „Сан Сиро“ пред натпреварот меѓу Милан и Лече во Копа Италија.
Новинарката на „Спорт Медиасет“, позната по провокативниот стил на облекување, се појави во бело боди без градник, што веднаш предизвика реакции кај навивачите и нејзините 4,4 милиони следбеници на Инстаграм.
Јакобели веќе беше во центарот на вниманието на медиумите, особено по шпекулациите дека е блиска со фудбалската суперѕвезда Килиан Мбапе. Таа е ќерка на поранешниот директор на „Тутоспорт“, Ксавиер Јакобели. Марија Луиса речиси секој викенд известува од стадионите низ Италија, по правило во впечатливи и „жешки“ комбинации, кои дополнително ја зголемуваат нејзината популарност.