Италијанската новинарка Елеонор Инкардона станува сè поголем хит на спортската сцена, а нејзиното присуство на Светското клупско првенство во САД, каде што се појавува како водителка на „ДАЗН“ не помина незабележано.
Атрактивната Сицилијанка со широка насмевка и заразна енергија за кратко време успеа да го привлече вниманието на фудбалската публика ширум светот. Инкардона, која во минатото се натпреварувала на изборот за Мис Италија, денес е едно од најзабележителните телевизиски лица во спортските преноси.
Нејзината популарност на „ДАЗН“ расте со слично темпо како некогаш и онаа на Дилета Леота која се прослави токму на оваа телевизија, а приватниот живот на Елеонора исто така е под лупа, таа е во врска со репрезентативецот Самуеле Ричи, кој настапува за Торино.



