Италијаните како во друг век да живеат, скандалозна расистичка насловна на „Кориере“ го шокира светот (ФОТО)

by
0 минути читање

Ако некои прстот го вперуваа во хулигани од ултрас навивачките групи на екипите, се чини дека повеќе нема право за тоа. Истото го прават и оние кои треба да помогнат во тоа.

Еден од најголемите спортски весници во Италија, „Кориере дело Спорт“ излезе со насловна со Ромелу Лукаку и Крис Смолинг и со големи букви напишано „Блек фрајдеј“. Тоа е најава за дербито меѓу Интер и Рома кое се игра во петок.

Спортската јавност не само во Италија, туку во светот е згрозена. Во период кога сите се борат против расизмот некој се дрзнува да објави ваква насловна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×