Фудбалската репрезентација на Италија со задоволство ја пречека веста дека во борбата за пласман на Светското првенство ќе игра против Босна и Херцеговина. „Змејовите“ во Кардиф по подобро изведување пенали го елиминираа Велс, а ваквиот исход предизвика позитивна реакција кај „аѕурите“.
Италијанците претходно ја совладаа Северна Ирска со 2:0 во Бергамо, по што заедно го следеа расплетот од дуелот во Велс. По завршувањето на пенал-серијата, нивната радост беше очигледна, со оглед на тоа што веруваат дека гостувањето во Зеница ќе биде поповолна опција отколку натпревар во Кардиф.
Следниот натпревар е закажан за вторник од 20:45 часот, а интересот е огромен. Да потсетиме, Италија ги пропушти последните две Светски првенства (еднаш беше елиминирана од Македонија) и овојпат нема простор за нов кикс.